Canberk Yüksel
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Разговорите за Кипар ќе се продолжат на 11. април, две недели по паузата, соопштија синоќа од ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Разговорите ќе продолжат по консултациите на пратеникот на ОН, Еспен Барт Еиде со турската и грчката страна, наведе Стефан Дујариќ, портпаролот на ОН.
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, вчера се состана со претседателот на турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, кој го потврди продолжението на разговорите на 11. април.
„Се надевам дека овој нов почеток ќе донесе позитивни работи за сите страни во Кипар, во регионот, но и сите останати релевантни страни”, изјави Акинџи.
Акинџи и лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес, учествуваа во разговорите под покровителство на ОН во мај 2015 година, кога се разгледуваше можноста за создавање на федерална држава од двата дела.
Во февруари оваа година, поради одлуката на Собранието на кипарските Грци во училиштата да се воведе сеќавање на референдумот за обединување со Грција, кој е одржан 1950 година, преговорите се спречени.
Островот во источниот Медитеран е поделен на два дела од 1974 година, кога за време на грчкиот државен удар дојде до насилство над турското население, а подоцна и до интервенција на Република Турција.