Ekipa
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Иран, соопшти Геолошкиот институт на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската телевизија објави дека земјотресот е регистриран во градот Машхад, вториот по големина град во Иран.
Сѐ уште нема информации за можните жртви или за материјалната штета.
Иран се протега над неколку големи раседи, поради што е подрачје подложно на чести земјотреси од кои некои беа катастрофални.
Повеќе од 26.000 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, кој во декември 2003 година го погоди градот Бам, во јужниот дел на земјата.