Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
КВЕТА (АА) - Насир Махмуд од Метеоролошкиот институт на Пакистан изјави дека силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер го погодил оддалечениот југозападен дел на таа земја, и дека има извештаи за причинетата штета на куќите, но дека нема жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмуд наведе дека епицентарот на земјотресот бил западно од градот Пасни, во покраината Белуџистан, која граничи со Авганистан и со Иран. Градот се наоѓа околу 700 километри јужно од Квета, административниот центар на покраината. Тој додаде дека потресот се случил на длабочина од десет километри.
Геолошкиот завод на САД објави дека е забележан потрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер.
Регионалниот комесар Туфаил Балуч вели дека одделението за управување со катастрофи е на највисоко ниво на приправност во случај да дојде до нови потреси.