Muhammet Nazım Taşcı
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
ИСЛАМАБАД
Во пакистанското подрачје Северен Везиристан и во градот Кета дојде до судир меѓу војската и терористите. Во судирот животот го загубија тројца војници, еден војник е ранет, а неутрализирани се пет терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, терористите нападнале безбедносна точка во подрачјето Хасан Кел во пакистанската област Северен Везиристан.
Во нападот животот го загубиле тројца војници, а еден војник е ранет.
Во местото Кета, безбедносните сили спровеле операција во која се неутрализирани пет терористи.
Во веста не се даваат какви било информации за тоа на која терористичка група им припаѓале милитантите во двата судири.