Büşra Selvi Öğütcen
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
АНКАРА
Бројот на луѓе што ги загубија своите животи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ светот надмина 4 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldmeters“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), најголема загуба на животи е забележана во САД. Во оваа земја животот го загубија 621.335 лица.
Потоа следуваат Бразил со 525.229 смртни случаи, Индија со 403.310, Мексико со 233.689, Перу со 193.389, Русија со 138.579, Велика Британија со 128.231, Италија со 127.680, Франција со 111.197 и Колумбија со 109.466 смртни случаи.
Бројот на смртни случаи предизвикани од вирусот низ светот достигна 4.000.818.
Во Турција заклучно со 5 јули животот го загубија вкупно 49.959 лица.
Ковид-19, што првпат се појави во декември 2019 година во Кина, се прошири во повеќе од 200 земји и региони.
Низ светот регистрирани се 184.938.346 случаи, а оздравени се 169.313.630 лица претходно заразени со овој вирус.
Во моментов, 11.623.898 пациенти продолжуваат да се лекуваат.