Haydar Karaalp
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
БАГДАД
Американските сили соборија вооружени беспилотни летала (СИХА) кои летаа над американската Амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Извор од безбедносните сили на Ирак кој сакаше да остане анонимен, во изјавата за дописникот на АА рече дека некои вооружени беспилотни летала (СИХА) кои летале над американската Амбасада во Багдад се соборени од американските сили со помош на системот за ракетна одбрана.
Забележано е дека од околината на Зелената зона во Багдад, американската Амбасада во Багдад го употребила системот за противракетна одбрана кон наведените вооружени беспилотни летала (СИХА).
Вчера беше извршен и ракетен напад врз американската воена база „Ајн ал Асад“ во ирачката провинција Енбар.
Се тврди дека нападите врз американските цели се извршени од силите на шиитската милиција кои се блиски со Иран.