Büşra Selvi Öğütcen
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
АНКАРА
Во Индија, една од земјите најпогодени од епидемијата на коронавирусот (Ковид-19), продолжува да се намалува бројот на пациенти што се лекуваат од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа детектирани се 34.703 нови случаи, животот го загубиле 553 лица, а оздравеле 51.864 лица претходно заразени со вирусот.
Во земјата е забележан најмал број дневни случаи во последните 101 ден.
Бројот на пациенти што се лекуваат се намали на 464.357.
Повеќе од еден месец бројот на оздравени го надминува бројот на нови случаи на дневна основа. Се забележува дека товарот на епидемијата врз здравствениот систем е делумно олеснет.
Во земјата, од Ковид-19 оздравеа вкупно 29.752.294 луѓе, а стапката на оздравување достигна 97,1 процент.
Вкупниот број случаи се зголеми на 30.619.932, а бројот на смртни случаи како последица на вирусот се искачи на 403.281.
- Администрирани се повеќе од 357 милиони дози вакцини
Министерството за здравство на Индија соопшти дека досега се администрирани 357.553.612 дози од вакцините против Ковид-19 во рамките на кампањата за вакцинација што започна на 16 јануари.
Во земјата со 1,4 милијарди жители, вакцинацијата сè уште не го достигна нивото со кое може да се запре епидемијата.
Според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Индија е втора земја во светот со највисок број случаи на заразување, по САД, а трета по САД и Бразил според бројот на смртни случаи.