Ekipa
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
ПАРИЗ (АА) - Уставниот совет на Франција ги објави официјалните резултати од првиот круг на претседателските избори во земјата, потврдувајќи дека актуелниот претседател, Емануел Макрон и Марин Ле Пен од партијата Национален фронт како водечки кандидати ќе се сретнат во финалниот круг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според резултатите објавени од претседателот на Советот, Лоран Фабиус, кандидатот на партијата Република во движење (LaREM), Макрон, освои 9.783.058 гласа или 27,85 проценти од вкупните гласови, а претставничката на екстремната десница, Марин Ле Пен, 8.133.828 гласа (23,15 проценти). Лидерот на ултралевичарското движење „Непокорна Франција“, Жан-Лук Меланшон, се најде на третото место со 7.712.520 гласа (21,95 %).
Од 48.747.876 регистрирани гласачи, 35.923.707 (73,69 %) учествуваа во првиот круг на гласање. Стапката на апстиненција беше 26,31 процент, највисоката од изборите во 2002 година.
Вкупно 543.609 гласачки ливчиња беа оставени празни - толку гласачи одлучија, од 12-те кандидати, никому да не му го дадат својот глас.
Официјалните резултати од 12-те кандидати:
Емануел Макрон, партија Република во движење (LaREM), центар: 27.85 % (9.783.058 гласачи)
Марин Ле Пен, партија Национален собир, екстремна десница: 23,15 % (8.133.828 гласачи)
Жан-Лук Меланшон, Франс Инсоумис, екстремна левица: 21,95 % (7.712.520 гласачи)
Ерик Земур, „Повторно освојување“, екстремна десница: 7,07 % (2.485.226 гласачи)
Валери Пекрес, Републиканци, десница: 4,78 % (1.679.001 гласач)
Јаник Жадот, Европа екологија зелени (EELV), левица: 4,63 % (1.627.853 гласачи)
Жан Ласал, Да пружиме отпор: 3,13 % (1.101.387 гласачи)
Фабиен Русел, Француска комунистичка партија (PCF), екстремна левица: 2,28 % (802.422 гласачи)
Николас Дипон-Ењан, „Простум“, екстремна десница: 2,06 % (725.176 гласачи)
Ана Идалго, Социјалистичка партија, левица: 1,74 % (616.478 гласачи)
Филип Поуту, Нова антикапиталистичка партија, екстремна левица: 0,76 % (268.904 гласачи)
Натали Арто, Работничка борба, екстремна левица: 0,56 % (197.094 гласачи)