Servet Günerigök
05 Јануари 2023•Ажурирај: 09 Јануари 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Во масовно пукање во американската сојузна држава Јута загинаа осум лица, меѓу кои пет малолетни, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил во дом во градот Енох.
Според соопштението, полициски службеници од полициската управа на градот Енох извршиле проверка на домот и нашле мртви тројца возрасни и пет малолетни лица.
Според соопштението, секоја жртва се здобила со прострелни рани.
Официјалните претставници рекоа дека нема закана за јавноста и дека не веруваат дека има осомничени за пукањето кои се на слобода.
Истрагата е во тек.
Полицијата не даде детали за идентитетот, ниту за возраста на жртвите.