Cüneyt Karadağ
04 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
БЕРЛИН (АА) – Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, изјави дека руските напади врз Украина се напади врз целото човештво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Баербок престојува во официјална посета на Лисабон, главниот град на Португалија, а во своето обраќање остро го осуди продолжувањето на руските напади врз Украина и ги повика европските партнери да не ја намалуваат поддршката за Украина.
„Руските воздушни напади врз украинската инфраструктура немаат друга цел освен да ги лишат Украинците од нивната егзистенција. Руските напади се напади врз човештвото“, рече Баербок.
Таа, исто така, изјави дека единството на Европа е зајакнато минатата година и дека мора да се зачува и дополнително да се развива во новата година.
„Не треба да се има ни најмал сомнеж за поддршката на Европа за Украина, бидејќи секој знак за намалување на поддршката го охрабрува Путин“, изјави шефицата на германската дипломатија, Баербок.