свет

Остар раст на сиромаштијата во Куба, земјата се соочува со најлошата економска криза во последните три децении

Недостигот од храна, лекови и гориво, како и секојдневните прекини на електрична енергија, силно го отежнуваат животот на населението

Aida Cako  | 01.12.2025 - Обновена : 01.12.2025
Остар раст на сиромаштијата во Куба, земјата се соочува со најлошата економска криза во последните три децении Фото: Zed Jameson/AA

СКОПЈЕ (АА) - Нивото на сиромаштија во Куба значително се зголемува, а земјата се соочува со најлошата економска криза во последните три децении, јавува Анадолу.

Недостигот од храна, лекови и гориво, како и секојдневните прекини на електрична енергија, силно го отежнуваат животот на населението.

Главниот град на Куба, Хавана, привлекува туристи, но во сè помал број поради економската криза што ја доживува земјата.

Од 2020 до 2025 година, кубанската економија минува низ еден од најдлабоките рецесивни циклуси во поновата историја.

БДП не бележи раст од 2022 година, годишната инфлација според официјалните податоци надминува 15 проценти, а националната валута ослабна речиси дваесет пати во однос на американскиот долар од 2019 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın