Alma Çekovic
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
СИДНЕЈ (АА) - Претседателот на австралискиот Сенат, Стивен Пери, најави дека ќе поднесе оставка откако е потврдено дека поседува двојно државјанство, на Австралија и на Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пери во соопштението наведува дека Врховниот суд на Австралија апсолутно ги разјаснил уставните правила кои оневозможуваат избор на функционер со двојно државјанство.
Судот минатиот петок утврди дека петмина политичари, меѓу кои и заменик-премиерот, Барнаби Џојс, биле неправилно избрани, потсетува BBC (Би-би-си).
Пери, прашањето за своето државјанство го покрена вчера, кога соопшти дека одлучил со тешко срце да поднесе остава, откако Министерството за внатрешни работи на Велика Британија потврди дека е државјанин на таа земја врз основа на својот татко.
Улогата на претседател на Сенатот е да претседава со Горниот дом на Парламентот на Австралија. Се очекува дека Пери на таа функција ќе го замени еден од сенаторите.