Sayed Khodaberdi Sadat
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската покраина Нангархар се фатени тројца бомбаши-самоубијци кои подготвувале напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Нангархар, Гулаб Мангал, за АА изјави дека во Џалалабад се приведени тројца терористи кои подготвувале напад.
Запленето е и возилото во коешто се наоѓал експлозивот.
Мангал изјави дека еден од напаѓачите по потекло е од Пакистан и оти со приведувањето на терористите е спречена голема катастрофа.
Тој додаде дека е започната истрага за да се утврди на која терористичка организација припаѓаат.