Ekip
12 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Германското Обвинителство објави дека осомничениот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал нападот, но негирал силување и убиство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на Обвинителството во гратчето Кел, денес соопштија дека осомничениот, кој во Бугарија е идентификуван како Северин Красимиров, на возраст од 21 година, изјавил оти немал намера да ја убие тв-новинарката Маринова.
Обвинителството наведува дека осомничениот признал оти бил под дејство на алкохол и дрога кога во паркот влегол во расправа со жена која не ја познавал. Додаваат дека им кажал дека ја удрил во лицето и ја фрлил во грмушки, но ја негирал намерата за убиство.
Истакнуваат дека Красимиров, кој во вторникот беше уапсен во Германија врз основа на европски налог, ќе биде испорачан на Бугарија во рок од десет дена.
„Новинарката на локалниот бугарски телевизиски канал ТВН, Маринова, е убиена во саботата со давење во местото Русе на северниот дел на земјата“, објави во неделата Државното обвинителство на Бугарија.