свет

Основачкиот претседател на Казахстан ѝ се обрати на нацијата за првпат откако започнаа протестите

Поранешниот претседател истакна дека немало конфронтација или конфликт помеѓу елитата во земјата

Meiramgul Kussainova  | 19.01.2022 - Обновена : 20.01.2022
Основачкиот претседател на Казахстан ѝ се обрати на нацијата за првпат откако започнаа протестите

НУР СУЛТАН (АА) - Основачкиот претседател на Казахстан Нурсулатан Назарбаев истакна дека неодамнешните смртоносни протести се организирани за да се уништат основните принципи на државата, како и интегритетот на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во видеопорака споделена од неговиот портпарол Аидос Укибај, Назарбаев јавно се обрати за првпат откако на 2 јануари избија протестите во кои загинаа 255 луѓе.

Поранешниот претседател рече дека настаните кои започнале, покажале дека меѓучовечката зависнист на нацијата мора да биде заштитена, додавајќи дека важно е да се открие кој стои зад нападите и убивањата.

Назарбаев понатаму истакна дека ги предал своите претседателски овластувања на Касим Жомарт Токаев во 2019 година и дека оттогаш живее во главниот град, не напуштајќи го.

Тој, исто така, истакна дека немало конфронтација или конфликт помеѓу елитата во земјата.

Нагласувајќи дека на Казахстан му служел три децении и спровел прогресивни реформи додека воспоставил независна држава, тој забележа дека и претседателот Токаев, исто така направил чекор кон нови реформи, насочени кон подобрување на јавната благосостојба, и дека тоа треба да се поддржи.

Протестите во Казахстан, организирани од возачите против зголемувањето на цените на течниот нафтен гас во градот Жанаозен во Мангистау, избија на 2 јануари, а подоцна прераснаа во судири со полицијата. Најмногу насилство имаше во поранешниот главен и најголемиот град на Казахстан, Алмати.

Токаев се обрати до мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводен од Русија за помош и мировници од Русија, Белорусија, Ерменија и Таџикистан кои набрзо пристигнаа во земјата и им пружија поддршка на казахстанските органи за спроведување на законот и враќање на редот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.