Ömer Koparan,Selen Temizer,Levent Tok
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили и Слободната сириска војска ги ослободија од терористите на ПЈД/ПКК селата Кари, Шербанли и Шејда во пограничното подрачје на Африн, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека турската војка и силите на сириската опозиција, во продолжеие на операцијата „Маслинова гранка“, во потполност ги ослободиле трите села кои се наоѓаат северозападно од центарот на Африн, и дека продолжуваат да напредуваат кон внатрешноста на сирискиот регион.
Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн ослободија вкупно 58 точки, вклучувајќи еден центар на град, 43 села и 14 стратешки важни планини и брда.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режимот на Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.