Mehmet Alaca
16 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) – Талибанската влада во Авганистан наскоро ќе упати соопштение во врска со дозволата за девојчињата да одат во средно училиште во целата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Омар Абди, заменикот на генералниот директор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), кој минатата недела го посети Кабул, главниот град на Авганистан, во обраќањето пред новинарите во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк кажа дека талибанците во пет од 34 провинции во земјата им дозволиле на девојчињата да одат во средно училиште.
Како што кажа, талибанците им дозволиле на девојчињата да посетуваат средно училиште во провинциите Балх, Џаузџан, Саманган, Кундуз и Урузган.
Истакна дека талибанскиот министер за образование му нагласил дека работат во „рамките“ што би им овозможиле на сите девојчиња да продолжат со школување по шесто одделение и дека тоа ќе биде објавено за „за еден до два месеци“.
Абди кажа дека милиони девојчиња се исклучени од процесот на образованието.
Додаде дека на секој состанок вршел притисок врз талибанците да им дозволат да девојчињата да продолжат со школување.
Тој нагласи дека во последните две децении скоро 10 милиони деца на сите нивоа, вклучително и четири милиони девојчиња, продолжиле со школување и дека во последната деценија бројот на училиштата се зголемил од 6.000 на 18.000.
Заменикот генерален директор на Детскиот фонд кажа дека 4,2 милиони авганистански деца, вклучително и 2,6 милиони девојчиња, не одат во училиште и покрај моменталниот напредок.
„Успесите во образованието во последните две децении треба дополнително да се зајакнат“, рече Абди.