Islam Doğru
04 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ЊУЈОРК
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го повтори својот апел за прогласување итно примирје во Либија и апелираше до сите страни да се насочат кон политички дијалог, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на портпаролот на Генералниот секретаријат на ОН, надворешната поддршка што ќе биде дадена на групите во земјата уште повеќе ќе ги продлабочи конфликтите.
„Која било поддршка што би била дадена на страните што војуваат, ќе го продлабочи конфликтот кој продолжува, и ќе ги усложни напорите за постигнување мировно и сеопфатно политичко решение“, се вели во ова соопштение.
Во соопштението се нагласува дека постојаното прекршување на резолуцијата 1970 на Советот за безбедност на ОН за ембарго за оружје за Либија, донесена во 2011 година, ги влошува проблемите.
„Почитувањето на ембаргото е потребно за создавање соодветна средина за ставање крај на непријателствата“, се додава во соопштението.