Büşra Nur Bilgiç
24 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Од почетокот на 2019 година во Европа по морски пат пристигнале околу 19.830 нелегални мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од Меѓународната организација за миграции (IOM) се вели дека од оваа бројка на нелегални мигранти, 512 починале.
За време на истиот период минатата година, забележани се 28.325 бегалци и мигранти кои влегле во Европа, а 638 се удавиле во Медитеранското Море.
Според претставничката на ИОМ во Шпанија, Ана Додевска, 7.666 бегалци и нелегални мигранти пристигнале во Шпанија до 22 мај.
Во првите пет месеци во 2018 година, речиси 8.150 нелегални мигранти пристигнале во земјата преку Западната медитеранска рута.
До 22 мај 2019 година, околу 950 нелегални мигранти пристигнале во Шпанија, многу помалку од 3.523-те пристигнувања забележани во мај 2018 година.
Претставничката на ИОМ во Грција извести дека во Грција до 22 мај 2019 година биле забележани 9.430 пристигнувања.
Во истиот период минатата година во Грција по морски пат пристигнале 10.641 нелегални имигранти.
Во соопштението издадено од ИОМ во јануари беше наведено дека вкупно 30.510 мигранти, кои по нелегален пат се обиделе да стигнат во Европа, загинале во период меѓу 2014 и 2018 година.