свет

Илјадници деца и жени мигрираа поради судирите во Нигерија

Илјадници деца и жени, коишто избегале од судирите меѓу земјоделците и овчарите во северозападниот дел на Нигерија, се засолнија во Република Нигер

Adam Abu Bashal  | 24.05.2019 - Обновена : 26.05.2019
Илјадници деца и жени мигрираа поради судирите во Нигерија

АБУЏА (АА) - Илјадници деца и жени, коишто избегале од судирите меѓу земјоделците и овчарите во северозападниот дел на Нигерија, се засолнија во Република Нигер, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Оперативната канцеларија на нигериската Национална агенција за управување со итни состојби (NEMA) во Сокото, Кофоворола Солеје, во изјава за медиумите истакна дека над 15.000 деца и жени се засолниле во различни подрачја на соседната земја, Република Нигер, поради судирите кои сѐ уште се во тек во нигериските сојузни држави Сокото и Замфара.

Солеје рече дека мигрантите кои се засолниле во Република Нигер имаат потреба од хуманитарна помош.

„Ги посетивме мигрантите и ја видовме нивната состојба. Илјадници жени останаа вдовици, а децата останаа сираци поради судирите во регионот“, додаде тој.

Од минатата година досега илјадници лица загинаа, а десетици илјади беа принудени да го напуштат својот дом поради судирите меѓу земјоделците и овчарите. Владата на оваа земја ги зголеми мерките во конфликтните подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın