свет

Сирија: Во Идлиб и Хама во април убиени 38 деца

Во писменото соопштение на организацијата е наведено дека од вкупно 38 убиени деца, девет биле убиени во училишта, 11 во домови, седум на пазари, две во импровизирани населби, едно во болница и останатите на улиците во Идлиб и Хама

Şenhan Bolelli  | 24.05.2019 - Обновена : 26.05.2019
Сирија: Во Идлиб и Хама во април убиени 38 деца

МАДРИД (АА) - Меѓународната организација за помош на децата „Спасете ги децата“ („Save the Children“), соопшти дека во април оваа година на подрачјето на деескалационата зона на судири, кое ги опфаќа Идлиб и Хама, биле убиени 38 деца, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение на организацијата е наведено дека од вкупно 38 убиени деца, девет биле убиени во училишта, 11 во домови, седум на пазари, две во импровизирани населби, едно во болница и останатите на улиците во Идлиб и Хама.

Во соопштението е истакнато дека во воздушните напади биле оштетени 18 центри за пружање медицинска помош, кои опслужувале 200.000 лица. Убиени се и и четири медицински работници.

„Спасете ги децата“ („Save the Children“) наведува и дека поради сѐ почестите напади, илјадници сириски семејства бараат засолниште во мигрантските кампови или населбите во близина на границата со Турција.

Директорката на Одделот за Сирија при организацијата „Спасете ги децата“ („Save the Children“), Соња Хуш, ги потсети сите спротивставени страни во таа земја зафатена од војна, дека се должни да пружат заштита на децата.

„Напаѓањето на цивилите е нелегално. Сите страни се должни да ги заштитат децата. Училиштата, болниците и другите цивилни објекти не смеат да бидат цел на напади“, порача Хуш.

На состанокот на претставниците на Турција, Русија и Иран одржан на почетокот на мај 2017 година во Казахстан, Идлиб и околината се прогласени за зона на деескалација на судирите. По режимските напади што го кршеа процесот на примирје започнат во тие рамки, Турција и Русија постигнаа додатен договор.

Сепак, и покрај Договорот од Сочи потпишан на 17 септември 2018 година, режимските сили со помош на сојузниците ги продолжуваат нападите. Нападите се интензивирани за време на 12. состанок на Турција, Русија и Иран одржан на 25 и 26 април во Нур-Султан (Казахстан).

Нападите продолжија, а податоците на Цивилната заштита покажуваат дека во нив од 25 април загинале најмалку 195 цивили, а повеќе од 485 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın