свет

„Турција има активна улога во Г-20“

Генералниот директор на Меѓународната организација на трудот , Гај Рајдер, истакнувајќи дека сака да ја зајакне билатералната и меѓународната соработка со Турција дека оваа земја има многу водечка и активна улога во Г-20

Ahmet Furkan Mercan  | 24.05.2019 - Обновена : 26.05.2019
„Турција има активна улога во Г-20“

АНКАРА (АА) – АХМЕТ ФУРКАН МЕРЏАН –

Генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Гај Рајдер, истакнувајќи дека сака да ја зајакне билатералната и меѓународната соработка со Турција дека оваа земја има многу водечка и активна улога во Г-20.

На 12. состанок на тема „Работа за подобра иднина“, организиран од Министерството за труд, семејство и социјала на Турција, генералниот директор на МОТ, Рајдер, во изјавата за Anadolu Agency (AA) говореше за односите меѓу Турција и МОТ, и зборуваше за иднината на работната сила и за можностите за соработка.

Рајдер истакна дека во билатералните разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, имал прилика да разговара детално за тековните проблеми на пазарот на трудот во Турција и за тоа како турската работна сила ќе се подготвува за идните предизвици.

Рајдер, наведувајќи дека поради седницата имал кратки, но важни средби, рече: „Нашата посета и состанокот беа важни и од суштинско значење за зајакнување на односите со засегнатите страни во Турција, Владата, министерствата, синдикатите и работодавачите. Овој состанок го покажа интересот на Турција за активностите на МОТ, каде што е зачленета во 1932 година“.

Рајдер, истакнувајќи дека Турција има добри односи со МОТ, рече дека програмите за соработка, коишто продолжуваат, ги опфаќаат мигрантите, вработувањето на жените и прашањата за детскиот труд.

Тој, посочувајќи дека забележале силна посветеност од Турција за програмата, нагласи:

„Нашите односи со Турција се многу силни. Преку нашата канцеларија во Анкара водиме програмите за техничка соработка во вредност од 75 милиони долари. Еден дел од програмите е за сириските мигранти во земјата, за промоција на вработувањето на жените во јавниот сектор и за злоупотребата на детскиот труд. Важна димензија на нашата соработка е тоа што работиме врз социјалниот дијалог. За МОТ значајно е развивањето на дијалогот помеѓу работодавачите и вработените“.

Рајдер наведе дека со Турција имаат силен дијалог во однос на имплементацијата на меѓународните конвенции, што ги има потпишано.

„Во тој контекст, видовме силна посветеност во говорите на г-динот Претседател и почитуваниот министер. Билатералната соработка би сакале да ја зајакнеме и во меѓународните групи. Како прво на ум ми доаѓа Г-20. Турција има водечка и активна улога во Г-20“, рече Рајдер.

Наведувајќи дека на стогодишнината, МОТ во детали ја истражуваат „иднината на трудот“, Рајдер рече дека во јуни во Женева ќе се организира конференција на која очекуваат да присуствува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Рајдер, нагласувајќи дека бизнисот во светот се соочува со многу брзи трансформации, нагласи:

„Во голема мера промената е поради технологијата. Во исто време на ова влијаат и климатските и демографските промени. Особено ќе бидат одлучувачки мерките што ќе се преземат за климатските промени. Луѓето не можат целосно да ја разберат иднината на трудот, во овој момент чувствуваат дека има опасност. Имаат недоверба во тоа 'Од каде ќе доаѓа работата?, Дали ќе се респектира нивната вештина?' Всушност, важно е да се предвидат идните промени. За иднината на трудот нема да одлучуваат роботите и технологијата, туку луѓето, владите, работодавачите и синдикатите. Затоа треба да се подготви проект за она што сакаме во иднина, и да ги идентификуваме нашите очекувања и да преземеме мерки и чекори“.

- „Наша должност е да ги поддржиме напорите на Турција“

Рајдер, оценувајќи го вработувањето на мигрантите и нивното место на пазарот на трудот, рече: „МОТ се наоѓа меѓу тие организации што ја ценат солидарноста, великодушноста на Турција и отворањето на вратите“.

Тој, тврди дека работните дозволи за мигрантите треба да бидат целосни.

„Турција е домаќин на најголем број мигранти во светот. Во таа смисла, наша должност е да ги поддржиме нејзините напори. Во овој контекст, за да најдат место на пазарот на трудот, на мигрантите им даваме стручна обука и ги учиме јазик. Мигрантите треба да работат во регистрирани работни места пристојни за луѓе", рече Рајдер.

„Во тој контекст знаеме дека Турција е подготвена да им даде работна дозвола. Имено, бројот на издадените дозволи е доста голем, но не ги опфаќа сите мигранти. А тоа пак, автоматски значи дека голем број мигранти работат нелегално. Тоа доведува до проблеми од аспект на лоши работни услови и тешки работи. Предизвикува проблем и кај турските работници. Затоа, нашите напори треба да се насочат кон тоа да се најде легална работа за мигрантите, каде што ќе бидат регистрирани", истакна Рајдер и додаде дека имаат соработка која во иднина треба да се унапреди.

„Секако дека Турција има проблеми на сопствениот пазар на трудот. Затоа треба да придонесеме да има избалансиран пристап, и за вработување на мигрантите и за локалниот пазар на трудот во Турција.“ 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın