свет

ОН: Не треба да се дозволи Палестинците и Израелците да влезат во уште една војна

Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Николај Младенов, нагласи дека е многу важно да се направат потребните чекори во овој момент, а не подоцна

Zuhal Demirci  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
ОН: Не треба да се дозволи Палестинците и Израелците да влезат во уште една војна

Ankara

АНКАРА (АА) - Специјалниот координатор на Обединетите Нации (ОН) за мировниот процес на Блискиот Исток, Николај Младенов, предупреди дека не треба да се дозволи Палестинците и Израелците да влезат во уште една војна, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Не смеат да успеат оние кои сакаат да испровоцираат Палестинците и Израелците да започнат нова војна“, наведе Младенов на неговиот профил на Твитер.

Тој нагласи дека е многу важно да се направат потребните чекори во овој момент, а не подоцна.

„Сите во Газа треба да направат чекор наназад од работ (војната). Не наредната недела. Не утре, туку веднаш, во овој момент“, напиша Младенов.

Израелската војска денес соопшти дека продолжува со нападите врз Газа со авиони, тенкови и артилерија.

Неименуван официјален претставник на Израелската војска за АА изјави дека прво бил отворен оган врз израелските војници од подрачјето на границата со Газа, по што Израелската војска започнала напади врз Газа.

Тој истакна дека израелските воени авиони продолжуваат со летови врз Газа, не давајќи податоци за тоа кога воената операција би можела да биде завршена.

Инаку, во нападите на Израелската војска во Газа загинаа четворица Палестинци.

Потсетуваме, најмалку 142 палестински демонстранти се убиени, а 16.496 се ранети во интервенции на израелските безбедносни сили од почетокот на масовните палестински протести кои на границата на Газа започнаа на 30 март.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.