Cem Genco
08 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) денеска испратија конвој со хуманитарна помош во северозападната сириска покраина Идлиб, јавува Агенција Анадолија (AA).
Конвој од 96 шлепери денеска од турскиот пограничен град Рејханли ја премина сириската граница и влезе во Идлиб.
Хуманитарната помош ќе биде поделена на граѓаните на Идлиб, кој е средиште на голема хуманитарна криза.
Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од Идлиб и понатаму бегаат во местата на сириско-турската граница. Од почетокот на ноември минатата година, од Идлиб во пограничниот појас побегнаа речиси 360.000 цивили.
Пред почетокот на сириската војна, во Идлиб живееја 2 милиони жители, а од почетокот на војната досега бројот на жителите се преполови поради жестоките судири. Во март 2015 година, сириските опозициски сили го зазедоа Идлиб и тој оттогаш е своевидна тврдина на сириската опозиција.