Aida Cako
07 Февруари 2025•Ажурирај: 08 Февруари 2025
ДАМАСК (АА) – Омајадската џамија, една од најголемите и историски најзначајни џамии во Сирија, продолжува да биде симбол на духовност и надеж за жителите на Дамаск и околните населби, јавува Анадолу.
По падот на режимот на Башар ал-Асад на 8 декември, Омајадската џамија повторно стана централно место за верски собири и молитви.
Сместена во срцето на стариот град во Дамаск, оваа џамија, изградена во 8 век, е сведок на вековната историја на регионот.
Снимките направени со дрон го доловуваат совршениот распоред на џамијата, нејзината раскошна купола и минариња, како и околните тесни улици на стариот град во Дамаск.