Barış Seçkin
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
РИМ (АА) – Околу 5,6 милиони луѓе во Италија минатата година живееле во апсолутна сиромаштија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Италијанскиот национален институт за статистика (ISTAT) се наведува дека 1,9 милиони домаќинства низ целата земја живееле во услови на апсолутна сиромаштија во 2021 година, што одговара на околу 5,6 милиони луѓе.
Во извештајот се потсетува дека станува збор за 9,4 отсто од населението и дека бројката е иста како и во 2020 година.
Исто така, нагласено е дека приближно 1,4 милиони деца до 18 години во земјава живеат во услови на сиромаштија.
Се подвлекува дека сиромаштијата е повисока во јужните региони отколку во северните и централните делови на земјата.
Наведено е дека податоците за апсолутната сиромаштија го потврдуваат и највисокото ниво на сите времиња забележано во 2020 година, кога започна епидемијата на Ковид-19.