Tevfik Durul,Derya Gülnaz Özcan
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, во врска со можноста за повторна средба со претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, истакна дека треба да се сретне и да разговара со него, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мицотакис во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ говореше за односите меѓу Грција и Туркије, како и за прашањата во врска со надворешната политика.
Грчкиот премиер нагласи дека во текот на неговиот мандат како премиер сведочел на бројни флуктуации во турско-грчките односи.
Што се однесува до неговата средба со Ердоган во март во Истанбул, Мицотакис рече: „Мојата средба со Ердоган навистина помина во добра атмосфера. Како што се договоривме, и јас очекував дека тензиите можеме да ги оставиме настрана и да се фокусираме на позитивната агенда меѓу двете земји.“
Мицотакис истакна дека со нетрпение очекува да воспостави постојани, добри и пријателски соседски односи со Туркије и со турскиот народ. „Не може да имаме проблем со Туркије и со турскиот народ“, додаде тој.
Според него, меѓу Туркије и Грција постојат големи тензии во реториката, а не на терен.
Во врска со можноста за повторно состанување со Ердоган, Мицотакис рече: „Нормално дека некогаш ќе се состанеме. Треба да се состанеме и да разговараме.“
Грчкиот премиер се осврна и на Руско-украинската војна, нагласувајќи дека праќањето оружје во Украина нема да влијае негативно врз одбранбената сила на Грција.