Ahmet Furkan Mercan
08 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
ТОКИО (АА) - Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и началникот на Генералштабот на Јапонија, генерал Јамазаки Коџи, се согласија да ги зајакнат меѓусебните односи со цел да придонесат за глобалната безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу НАТО и Јапонија, генералот Јамазаки во Токио се сретна со адмирал Бауер, шефот на Воениот комитет на НАТО.
За време на средбата се разговараше за можните последици од руските напади во Украина на Индопацификот.
Двајцата соговорници се договорија за зајакнување на меѓусебните односи со цел да се поддржи глобалната безбедност.
Бауер на средбата истакна дека кризата за која станува збор е поголема од Украина и Европа.
Истакнувајќи дека Јапонија е „најдолгорочниот партнер надвор од Евроатлантскиот Регион“ на 30-члената воена алијанса, Бауер, придонесите на Владата на Токио во Алијансата ги опиша како „витални“.
Генералот Јамазаки, за време на состанокот, истакнувајќи дека Европа и безбедноста на Индопацифичкиот Регион се неразделни, додаде дека зајакнатата соработка меѓу неговата земја и НАТО е неопходна за светскиот мир и стабилност.
Се наведува дека јапонскиот премиер Кишида Фумио, кој планира да ја зголеми координацијата со Западот против неочекуваните настани во регионот, можно е да присуствува на Самитот на НАТО што ќе се одржи во Мадрид на крајот на месецот.