Ekip
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Онлајн платформите кои дејствуваат во земјите на Европската Унија (ЕУ) се обврзани да ја отстранат терористичката содржина во рок од еден час, откако новиот закон стапи на сила денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
ЕУ во 2021 година ја донесе Регулативата за терористичка содржина на интернет за да се осигури дека онлајн платформите веднаш реагираат доколку се објавуваат или дистрибуираат терористички содржини на нивните веб-страници.
Законот, кој стапи на сила пред една година, им даде на онлајн платформите 12 месеци да се приспособат на промените.
Според законот, сите онлајн платформи, вклучувајќи ги Фејсбук, Гугл и Твитер, мора да ја отстранат терористичката содржина во рок од еден час откако Европол или Агенцијата за спроведување на законот на ЕУ ќе издаде наредба.
Доколку не се придржуваат до наредбата за отстранување, платформите може да се соочат со парична казна до четири отсто од нивниот годишен приход.