Haydar Şahin
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 17 луѓе загинаа, а повеќемина се повредени откако патнички воз излета од шините во источен Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Четири од седумте вагони на возот излетаа од шините на железничката пруга Табас - Јазд во близина на источниот ирански град Табас. Сите спасувачки единици со амбулантни возила и хеликоптери се распоредени на местото на настанот“, соопшти гувернерот Али-Акбар Рахими, цитиран од новинската агенција ИСНА.
„Според првичните информации, 17 лица загинале од возот кој превезувал 420 патници, додека 30 се повредени, а 5 се во критична состојба“, додаде Рахими.
„Бројката би можела да се зголеми поради сериозноста на несреќата“, рече тој претходно, пренесе државната новинска агенција ИРНА.
Oфицијален локален претставник истакна дека возот кој се движел кон централниот град Јазд излетал на околу 50 километри пред градот Табас во 5:30 по локално време.
Во тек се спасувачките акции.