свет

Односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават повторно со отворањето на канцеларијата за врски

Јужнокорејскиот министер Ли истакна дека и доколку се соочат со тешкотии, мора повторно да се преземат овие чекори со цел односите меѓу двете Кореи во иднина да се мирни и просперитетни

Büşra Selvi Öğütcen  | 23.11.2020 - Обновена : 23.11.2020
Односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават повторно со отворањето на канцеларијата за врски

АНКАРА (АА) - Јужнокорејскиот министер за обединување, Ли Ин Јанг, соопшти дека односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават со отворањето на канцеларијата за врски, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информацијата на јужнокорејскиот државен канал „Корејски радиодифузен систем (KBS)“, министерот за обединување, Ли, во својот говор во Националното собрание истакнал дека воспоставувањето на постојаните линии за комуникација меѓу двете Кореи ќе претставува почеток на мирните денови.

Потсетувајќи дека Северна Кореја ја разнесе Канцеларијата за врски во јуни, Ли истакна дека овој неодговорен потег е во спротивност со надежите и желбата на јужнокорејскиот народ да се одржи мирот.

Ли истакна дека и доколку се соочат со тешкотии, мора повторно да се преземат овие чекори со цел односите меѓу двете Кореи во иднина да се мирни и просперитетни.

Наведувајќи дека нема да биде лесно да се развијат односите меѓу двете земји, Ли рече дека за мир во широка смисла потребна е заедничка канцеларија за врски и дека односите ќе започнат со отворање на канцеларијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.