Nuri Aydın
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
АНКАРА (AA) - Бројот на лица во светот кои досега се регистрирани како позитивни на коронавирусот надмина 59 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирус во земјите од светот, од појавата на Ковид-19 во кинескиот град Вухан досега вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 59.037.491 лица.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на детектирани случаи позитивни на Ковид-19, вкупно 12.589.088, по која следи Индија со 9.140.312, Бразил со 6.071.401, Франција со 2.140.208, Русија со 2.114.512, Шпанија со 1.589.219, Велика Британија со 1.512.045, Италија со 1.408.868, Аргентина со 1.370.366, Колумбија со 1.248.417 и Мексико со 1.041.875.
На светско ниво Ковид-19 е причина за смртта на 1.394.511 лица, а оздравеа 40.797.173 пациенти заразени со коронавирусот.