Müslüm Etgü
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
ШАНЛИУРФА (AA) - Во подрачјето нa Тел Абјад во Сирија, расчистенo од терористите во рамките на турската операција „Извор на мирот“, започна со работа Одделение за физикална терапија и Центар за дијализа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Гувернерството на турската област Шанлиурфа се наведува дека без прекин продолжува работата на Центарот за поддршка и координација за Сирија на Гувернерството на Шанлиурфа за областа Тел Абјад, која се стекна со посакуваниот мир и безбедност благодарение на операцијата „Извор на мирот“ што ја спроведоа Турските вооружени сили (ТСК).

Во тие рамки, благодарение на поправката и опремувањето од страна на овој Центар, со работа започна модерна операциона сала во болницата во Тел Абјад, а со помош на Организацијата за хуманитарна помош „Меѓународен социјален развој“ и Здружението за добротворни цели, формирано е Одделение за физикална терапија и Центар за дијализа.
Благодарение на повикот што гувернерот на Шанлиурфа, Абдула Ерин, го упати до меѓународните хуманитарни организации и предложените проекти, во болницата во Тел Абјад формирани се Одделение за физикална терапија и Центар за дијализа, кои ќе можат да им пружаат услуги на 20 пациенти истовремено.
Во овие болнички одделенија, во кои за кус период е завршена техничката инфраструктура, работат сириски доктори и друг медицински персонал.