Ömer Koparan,Mohamad Misto,Burak Karacaoğlu
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
ДЕРА/АЗАЗ/ИДЛИБ (AA) - Поради жестоките напади на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, од сирискиот пограничен регион Дераја во соседен Јордан избегале најмалку 350.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегањето на сириските цивили од сирискиот град Дера, кои пред нападите на силите на претседателот Башар ал Асад бегаат кон јорданската граница, и понатаму трае.
Според податоците што ги доби новинарот на АА, бројот на избеганите цивили достигна цифра од 350.000. Меѓу оние што бегаат пред нападите на режимските сили, повеќето се деца, жени и стари лица. Цивилите од Дера со денови се на јорданската граница. Немаат вода за пиење ниту шатори за да се заштитат од сонце.
Температурата на воздухот во тоа погранично подрачје се движи и до 45 степени Целзиусови. Anadolu Agency направи видеозапис од шаторите во кои се наоѓаат цивилите, снимен од воздух.
Дера, вклучувајќи ја и соседна Кунејтра, е една од вкупно четирите таканаречени зони на деескалација за кои минатата година со посредство на Русија, Турција и Иран во мировниот процес во Астана е договорено примирје и отворање хуманитарни коридори.
Недолго потоа, Русија, САД и Јордан постигнаа посебен договор за воспоставување примирје во тој регион. САД престана да доставува помош на тамошните бунтовници, а режимот на Асад и покрај сите предупредувања, тргна во операција за заземање на бунтовничката енклава.
Во нападите се убиени стотици цивили, а од ОН претходно е соопштено дека во тој регион се загрозени животите на најмалку 750.000 луѓе.