Halime Afra Aksoy
08 Април 2024•Ажурирај: 09 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 32 Палестинци загинаа, а 47 се повредени во израелските напади во блокираниот Појас Газа во изминатите 24 часа, јавува Анадолу.
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека израелските сили ги продолжуваат нападите кои траат веќе 185 дена.
Во соопштението се наведува дека во нападите што Израел ги започна на 7 октомври досега во Појасот Газа загинати се најмалку 33.207 Палестинци, а 75.933 се ранети.
„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се наведува од Министерството.