Mehmet Alaca
24 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ЛАКНАУ (АА) - Најмалку 36 лица ги загубија животите во последните 24 часа поради поројните дождови и удари од гром во Индија, известува Агенција Анадолија (АА).
Индиските власти соопштија дека околу 24 лица починале при уривање на нивните домови од поплавите што следуваа по поројните врнежи од дожд што ја зафатија индиската држава Утар Прадеш, сместена во северниот дел на земјата.
Во последните 24 часа од последици на удар на гром загинаа 12 лица.
Во изминатите пет дена од удари на гром животот го загубија 39 лица.
Владата издаде нови насоки за тоа како луѓето можат да се заштитат во текот на невремето.
Ударите од гром се вообичаена појава во Индија во текот на сезоната на монсуни што трае од јуни до септември.
Од последици на удар од гром во 2016 година животот го загубија 1.489 лица во Индија, додека минатата година бројката на загинати се зголеми на 2.869.