Riyaz Khaliq Khaliq
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Поплавите во Кина оваа година погодија околу 59 милиони лица во различни делови во земјата, а беа причина за смртта на 560 лица, соопштија кинеските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот заменик-министер за управување со итни состојби, Џоу Шјуевен, на прес-конференција истакна дека поплавите од јануари до октомври погодиле вкупно 58,9 милиони лица, додека 590 лица загинале или се водат како исчезнати.
Според него, како резултат на поплавите биле раселени 3,51 милион лица, додека 203.000 домови биле уништени.
„Економските загуби предизвикани од поплавите се искачија на 240,6 милијарди јуани (37,6 милијарди долари)“, нагласил кинескиот заменик-министер, според кинескиот весник „The Paper“.
Кинеските власти оваа година регистрираа абнормално повисоко количество на врнежи од дожд во многу региони на земјата.
Поројните дождови од јули наваму предизвикаа поплави во Шанси, Хенан и Хубеи, прелевање на реките и оштетување на браните за производство на електрична енергија.
Џоу истакна дека катастрофата предизвикана од поплавите е многу посериозна во однос на изминатите години.