Ata Ufuk Şeker
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Европа има потреба од инвестиција од 470 милијарди евра годишно за борба против климатските промени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен во своето обраќање на Конференцијата за буџет за 2021 година, одржана во Брисел, говореше за буџетот и програмата за закрепнување на ЕУ.
Според неа, буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година и програмата за економско закрепнување наречена „Нова генерација на ЕУ“ достигнале 2,1 билион евра, а како што рече, со овие ресурси ќе им се даде приоритет на областите како што се животна средина и дигиталната трансформација.
Таа нагласи дека треба да се направат повеќе чекори во насока на борбата против климатските промени.
„Предвидуваме дека имаме потреба од инвестиција од 470 милијарди евра годишно за борба против климатските промени“, рече таа, додавајќи дека поради оваа причина, 30 отсто од овие фондови се обезбедени за климатските промени.
Укажувајќи на важноста на дигиталната трансформација, Фон дер Лајен истакна: „Пандемијата на Ковид-19 покажа дека Европа не е на исто ниво со своите глобални конкуренти што се однесува до технолошките инвестиции и иновации.“
Фон дер Лајен нагласи дека треба да се затвори овој вакуум и дека буџетот на ЕУ ќе придонесе за тоа.