Mahmut Atanur
07 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во катастрофалните поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд последнава недела во Кина животот го загубија 140 лица, а 41 се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agencu (AA).
Националното министерство за цивилни прашања на Кина соопшти дека поради катастрофите предизвикани од обилните врнежи од дожд во централните и источните делови од земјата, животот го загубиле 140 лица, додека 41 лице е прогласено за исчезнато.
Министерството соопшти дека од загрозените региони биле евакуирани над 1.600.000 лица.

Од друга страна, во соопштението се вели дека економската загуба предизвикана поради оштетување на куќите и земјоделските посеви се проценува на 48 милијарди јуани (околу 7,18 милијадри долари).
Потрагата по исчезнатите продолжува, а во погодените области испратена е хуманитарна помош.