Erkan Avci
15 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседсателот на САД, Барак Обама, пред патувањето за Грција, Германија и Перу, во Белата Куќа одговараше на прашањата на претставниците на медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавувањето на резултатите од изборите, Обама изјави дека на екипата која е задолжена за примопредавање на функцијата им ја дава својата помош и им ги овозможува сите поволности за да можат непречено да ја извршуваат својата работа. „Оваа канцеларија е поголема од било која личност. Затоа е многу важно да се овозможи непречен премин“, изјави Обама.
Обава истакна дека денеска е многу посилен во однос на оној Обама кој пред 8 години дојде во Белата Куќа. Обама рече дека САД сѐ уште претставува пример во светот, со што врз САД генерално стои „голем товар“.
- „Со Трамп колку што можам сум искрен“
Обама истакна дека да се биде претседател на САД е многу значајна функција, потсетувајќи дека минатата среда во овалната соба имале „пријателска“ средба.
„Со Трамп колку што можам сум искрен“, изјави Обама, додавајќи дека Трамп „повеќе е прагматичар отколку идеолог“.
Обама зборувајќи за Трамп како претседател, рече дека одлуките кои тој ќе ги донесе, ќе бидат поврзани со него, но дека раководењето со државата не е исто како и водење на предизборна кампања. Барак Обама продолжи со зборовите: „Мојата препорака до новоизбраниот претседател на средбата беше дека раководењето со државата е различно од водење изборна кампања. И самиот е свесен за тоа“.
Одговарајќи на едно прашање дали е загрижен поради тоа што Трамп е избран за претседател, Обама рече дека сѐ уште постои загриженост кај него, и од тој аспект ја посочи одговорноста кон САД. „Дали сум загрижен? Се разбира дека сум загрижен. Тој и јас по многу прашање не се согласуваме по голем број прашања. Федералната влада и нашата демократија не се брз глисер. Тие се прекуокенаски брод. Кога станав претседател го забележав тоа“, рече Обама.
- Врските САД - НАТО
Обама зборуваше и за врските кои ги имаат САД и НАТО. Тој зборуваше дека и во периодот на Трамп како претседател на САД нема да има големи измени во стратешките врски со НАТО.
„САД нема никакви намери насочени кон ослабување на постоечките силни и цврсти врски. Ова сојузништво не е значајно само за Европа, туку тоа е значајно и за САД и целиот свет“, образложи Обама.
- Граѓанска војна во Сирија
На прашањето дека претседателот Обама не успеал во својот мандат да ја заврши граѓанската војна која веќе 6 години трае во Сирија, Обама истакна дека кај граѓанската војна во Сирија постои „комплексна ситуација“.
„Посакував што е можно порано да ја запрам. Ги вложивме сите наши напори за да изнајдеме било какво политичко решение. Министерот за надворешни работи Џон Кери разговараше со русите, иранците, заливските земји и останатите страни и за да се запрат убиствата во Сирија. Доколку ме прашувате дали го имаме истиот воен капацитет за да ги спроведеме истите акции како оние што ги направивме во Либија, ќе ви речам дека ситуацијата е различна. Немаме таков избор. Ќе продолжиме со вршење притисок колку што е во наша моќ за да се изнајде политичко решение.“