Emre Aytekin
23 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Југоисточната азиска држава Филипини денеска повторно ја потресе силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот со интензитет од 6,3 степени го погодил источниот дел на Филипини, и дека епицентарот се наоѓа западно од островот Самар.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 13 километри источно од градот Тутубиган, на длабочина од 70 километри.
Засега нема информации дали земјотресот предизвикал човечки и материјални загуби.
Филипини вчера беа погодени од силен земјотрес со интензитет од 6,1 степен. Епицентарот на вчерашниот земјотреес се наоѓа на 100 километри северно од главниот град Манила. Од силниот земјотрес се урна еден трговски центар од четири ката, а предизвикани се оштетувања на голем број објекти, меѓу кои и на аеродромот.
Досега се знае дека во вчерашниот земјотрес животот го загубија 11 лица, а голем број се водат за исчезнати.
Филипините се наоѓаат во таканаречениот Пацифички огнен прстен и честопати е место зафатено од земјотреси, вулкани и други природни катастрофи. На 15 октомври 2013 година Филипини ги потресе земјотрес со интензитет од 7,2 степени во кој животот го загубија 144 лица.