Betül Yürük
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Младата Пакистанска и добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи, рече дека образованието на девојчињата е моќна алатка за градење мир и безбедност во Авганистан и предупреди дека доколку меѓународната заедница не преземе чекори, многу девојки од Авганистан ќе ја споделат нејзината судбина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се пред Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој се разговараше за случувањата во Авганистан, Јусафзаи ја повика меѓународната заедница да ги заштити правата на авганистанските жени и девојки.
„Го кренав мојот глас за сите девојки да одат на училиште. Бев сведок како вооружен напаѓач го запре мојот училиштен автобус и отвори оган врз мене. Ако не преземеме чекори, многу девојки од Авганистан би можеле да ја споделат истата приказна како мене“, предупреди 24-годишната Јусафзаи.
Малала Јусафзаи, која се залага за образование на девојчињата, беше нападната на 9 октомври 2012 година во автобус со кој требаше да оди на училиште во нејзиниот роден град, долината Сват, во северен Пакистан. Талибански милитант кој се качил во автобусот ја прашал Малала за името, а потоа ја застрелал трипати.
Јусафзаи, кој беше ранета во главата, беше префрлена на лекување во Англија шест дена по нападот, и престојуваше околу три месеци во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем. Таа беше отпуштена од болница во март 2013 година, по што се насели со своето семејство во Бирмингем и повторно започна со училиште.
Малали Јусафзаи ја доби Нобеловата награда за мир во 2014 година, тогаш имаше 17 години и влезе во историјата како најмладиот нобеловец. Таа тогаш изјави дека осумте милиони круни што ги освоила ќе ги донира во училиштата во Пакистан.
Јусафзаи стана симбол во борбата за едукација на девојчињата, а денес, преку фондација основана во нејзино име, таа се обидува да обезбеди девојчињата да можат да одат на училиште во многу земји во развој.