Adam Abu-bashal
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
АБУЏА (АА) - Нигерискиот писател и добитник на Нобеловата награда, професор Воле Сојинка, тврди дека во вооружените напади што се спроведуваат во земјата, минатата недела се убиени 239 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Проф. Сојинка во текстот под наслов „Вечните гробишта на младите“ истакнува дека во Нигерија продолжуваат киднапирањата и вооружените напади.
Во својот текст проф. Сојинка тврди дека минатата недела на целата територија на земјата се убиени 239, а киднапирани се 44 лица.
Тој истакна дека насилните настани не се ограничени само на една од федералните држави, етничките групи или религија.
Почнувајќи од 2009 година, Боко Харам во Нигерија изведува терористички акти во кои се убиени над 20.000 лица.
Оваа терористичка организација во 2015 година започна со напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер. Во нападите на Боко Харам во басенот на езерото Чад животот го загубија најмалку 2.000 лица.
Поради терористичките напади и судири, стотици илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови.