Adam Abu Bashal
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
АБУЏА (АА) - Најмалку 50 лица загинаа при експлозија на цистерна во провинцијата Бенуе, во западноафриканската држава Нигерија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во националните медиуми, Кристофер Ави, официјалниот претставник на провинцијата Бенуе, истакна дека цистерната со нафта експлодирала додека локалните жители полнеле бензин од неа, а дека причините за експлозијата сѐ уште се непознати.
„Досега се откриени 50 мртви тела, 70 лица се повредени, а голем број лица се исчезнати“, нагласи Ави.
Истакнувајќи дека ранетите лица се префрлени во болница и дека околните куќи станале пепел, Ави рече дека започнала истрагата за инцидентот.
Од друга страна, портпаролката на полицијата на провинцијата Бенуе, Кетрин Анен, потврдувајќи го инцидентот, не даде информации за бројот на лицата кои ги загубија своите животи.