Adam Abu-bashal
01 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
АБУЏА (АА) - Шест лица загинаа во вооружениот напад извршен во нигериската сојузна држава Коги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, вооружени мотоциклисти во подрачјето на Акпанја во Коги отвориле оган во околината.
Се истакнува дека во нападот животот го загубиле 6 лица, додека голем број лица се повредени.
Џери Омодара, советник за безбедност во Коги и командант на поморските сили, рече дека на местото на настанот се упатени безбедносни сили.