Нетанјаху тврди дека е посветен на визијата на Трамп за завршување на нападите врз Газа
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на предупредувањата упатени од Велика Британија, Франција и Канада за запирање на сеопфатните напади врз Газа

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на предупредувањата во врска со сеопфатните напади што ги започна израелската армија за трајна окупација на Појасот Газа, тврдејќи дека е посветен на „визијата за Газа“ на американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу.
Според соопштението од кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху реагирал на повикот на Велика Британија, Франција и Канада за ставање крај на сеопфатните напади започнати со цел трајно окупирање на Појасот Газа.
„Израел ја прифати визијата на претседателот Трамп и ги повикува и сите европски лидери да го сторат тоа“, се вели во соопштението, во кое се додава дека утре би можело да престанат нападите доколку бидат ослободени заробениците во Газа, Хамас го положи оружјето, неговите лидери бидат протерани и во Газа не останат вооружени елементи.
Реагирајќи и на изјавите на споменатите земји за нивната подготвеност да ја признаат државата Палестина, во соопштението се тврди дека насилните напади што Израел ги изврши врз Газа од 7 октомври 2023 година се „одбранбена војна“.
Велика Британија, Франција и Канада го повикаа Израел веднаш да ги запре нападите врз Газа, истакнувајќи:
„Ќе преземеме поконкретни мерки против Израел ако не ги запре своите нови воени операции и не ги отстрани пречките што ги постави за хуманитарната помош.“
Израелската армија започна со спроведување на својот план за напад за проширување и трајно воспоставување окупација во Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа.
Според планот, израелската армија трајно би го окупирала Појасот Газа, а Палестинците би биле депортирани во „концентрациони логори“ во Јужна Газа. Таму Израел на Палестинците ќе им даде хуманитарна помош доволно за да „останат во живот“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.