Sena Güler
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 917 лицa поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 9.875 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на оваа земја, бројот на починати се искачи од 8.958 на 9.875 лица.
Во ова соопштение се нагласува дека бројот на случаи со Ковид-19 во земјата со раст од 5.234 се искачи на 78.991 лице.
Во последните 24 часа 12.993 лица биле тестирани за Ковид-19, додека вкупната бројка на извршени тестирања изнесува 334.974.