ИСТАНБУЛ (АА) – Турција со силниот систем на здравствена заштита, социјалната помош и доделувањето на бесплатни маски за заштита стана модел на земја во борбата за спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, Ковид-19, по неговата појава во градот Вухан во Кина, во декември 2019 година, и прогласувањето пандемија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ковид-19 за првпат е откриен на 12 декември 2019 година во Вухан, во кинеската провинција Хубеј.
Штом вирусот се рашири во другите региони на земјата и во различни делови на светот за кратко време, сите земји соопштија социјални и економски мерки заедно со различни ограничувања.
Турција, од самиот почеток на епидемијата со цел да се спречи ширењето, во соработка со сите институции воведе многу ефикасни мерки. Покрај задоволување на потребите на своите граѓани, Турција даде поддршка и на повеќе од 30 земји што побараа помош и размени мислења со многу земји во областа на здравството.
Во рамките на преземените мерки како прво ја затвори границата кон ризичните земји, потоа постепено и кон соседните земји, за на крај да ги прекине сите летови.

Турција не ги заборави и своите граѓани што се наоѓаа во странство, како прво, на 1 февруари со воен карго авион врати 32 лица што се наоѓаа во градот Вухан, потоа 6 лица од Азербејџан, 3 од Грузија, вклучувајќи и едно лице државјанин на Албанија.
Поради успехот на здравствениот систем голем број земји побараа од Турција да сподели информации во врска со Ковид-19.
- По откриениот прв случај, без одлагање беа преземени ефикасни мерки
Во согласност со препораките на Научниот комитет на Министерството за здравство, формиран по појавата на коронавирусот, преземени беа мерки што постојано се ажурираа.
Министерството за здравство, за да го спречи ширењето на вирусот, на границите постави полски болници. Турските граѓани што ја минуваа границата беа задржани во тие болници за да бидат набљудувани.
Турција, по откривањето на првиот случај на 11 март, почна со спроведување на мерките, како прво, на 16 март донесе одлука за суспендирање на наставата во основното и средното образование, а учениците да ја продолжат наставата од далечина преку интернет или преку телевизија.
Исто така одлучено е да се затворат универзитетите, рестораните, кафулињата, трговските центри, библиотеките, местата за богослужба и јавните настани. Во рамките на мерките беше донесена забрана за јавните службеници да патуваат во странство, а на универзитетите беше забрането да се организираат панели, конференции и др.
Претседателството на Управата за верски работи на Турција на 16 март соопшти дека поради епидемијата, низ сите џамии во земјата нема да се извршува молитва (намаз), вклучително и петочната молитва (џума намаз).
- Турските лекари успеаја да го изолираат вирусот
Бројот на дневни тестови во земјата ја надмина бројката од 30 илјади. Лекот користен во третманот за коронавирусот се чуваше во магацини пред да се појави првиот случај. Многу земји вложуваа напори за употреба на лекот, а Турција околу 1 милион кутии од лекот чуваше настрана.
Проф. д-р Ајкут Оздарандели од Универзитетот „Ерчијес“ и проф. д-р Ајкут Озкул од Универзитетот „Анкара“ по истражувањата успеаја да го изолираат вирусот.
- Социјална група за поддршка „Вефа“
Министерството за внатрешни работи на Турција формираше социјална група во гувернерствата, под име „Вефа“, за да им помага на лицата што имаат повеќе од 65 години, кои се хронична болни и живеат сами.
Во овој контекст, од 22 март започнаа со работа телефонските броеви 112, 155, 156, каде што граѓаните ќе можат да се јават за нивните потреби. Исполнети се барањата за основните потреби на повеќе од 1,5 милиони граѓани.
- Илјада лири помош за тие што имаат потреба
Министерството за труд и социјална политика без никакво дополнително барање започна да исплатува помош од илјада лири за 2.000.111 домаќинства кои земаат постојана социјална помош, во рамките на програмата за поддршка на пакетот за економска стабилност.
Донесена е одлука помошта да се носи по домовите за да се избегне метежот пред шалтерите на поштите.
Во оваа рамка, службениците на поштите помошта лично ја носеа до домовите на лицата кои имаат потреба од неа.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека покрај помошта од 100 лири во првата етапа, дополнително ќе бидат дадени уште по 1000 лири за 2.300.000 домаќинства кои имаат потреба од тоа.
- Проект за сместување бездомници
Во рамките на „Проектот за сместување бездомници“, беше решено бездомниците од 81 општина да бидат сместени во местата за угостителство на јавните институции, во пансиони или хотели.
Беше решено да се осигури тие да останат таму сè додека исчезне заканата од епидемијата, и на тие лица да им бидат исполнети основните потреби како што се храна, облека и грижа за нивното здравје.
Под раководство на претседателот Ердоган започна националната кампања за солидарност, во која се собрани 1 милијарда и 500 милиони лири.
- За граѓаните бесплатни маски
Донесена е одлука за задолжително носење маски на јавни места, како што се пазарите и маркетите. Граѓаните нема да плаќаат никаков надоместок за маската.
Претседателот Ердоган истакна: „Строго е забрането да се продаваат маски. Како држава, решени сме бесплатно да им доставуваме маски на сите наши граѓани.“
- Штит за економска стабилност
Во првата етапа, претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродоган, за намалување на штетата од Ковид-19 ја активираше Програмата за штит на економската стабилност од 100 милијарди лири.
Во рамките на програмата за некои сектори се одложени плаќањата за социјално осигурување и ДДВ-то на 6 месеци, а исто така најмалку за 3 месеци се одложени враќањата на главната основица и каматата на фирмите кон банките.
- Се забрзаа проектите за изградба на нови болници
Поради епидемијата се забрзаа проектите за изградба на нови болници. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека првиот дел на градската болница „Икители“ со капацитет од 2.682 кревети ќе биде отворен на 20 април.
Исто така претседателот Ердоган, од вилата во Хубер, во Тарабија, преку видеоконференција објави дека изградбата на болницата со капацитет од 1000 кревети во Санџактепе ќе заврши за 45 дена, и дека ќе бидат забрзани активностите за планирање/проектирање на болница со капацитет од 1000 кревети во месноста Јешилкој, каде што се наоѓаше стариот аеродром „Ататурк“.
Претседателот Ердоган, исто така, во изминатите денови соопшти дека првиот дел од болницата во Окмејдани е отворен на 30 март. Болницата е со капацитет од 789 кревети и ќе го носи името на проф. д-р Џемил Ташчиоглу, кој почина од Ковид-19.
Покрај тие болници соопштено е дека и историската воена болница „Хадимкој“, која е една од најстарите болници во Истанбул, ќе дава услуги за 45 дена.
- Барањата за помош на земјите не беа вратени назад
Турција од една страна ги забрза мерките против Ковид-19 во земјата, а од друга страна ги исполни и барањата на земјите за помош од медицински материјали во рамките на можностите.
Во овој контекст, Турција испрати медицинска помош на околу 30 земји, меѓу кои се наоѓаат Република Северен Кипар, Народна Република Кина, Велика Британија, Шпанија, Италија и во балканските земји, Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Горна и Босна и Херцеговина.
- Благодарност за помошта од Турција
Помошта на Турција во ова тешко време беше со задоволство прифатена од лидерите на земјите и од јавноста.
Грузискиот министер за надворешни работи, Давид Залкалиа, ѝ се заблагодари на Турција за евакуацијата на грузиските граѓани од Кина со карго авион на Турските вооружени сили.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за испраќањето на медицинските материјали во Италија и Шпанија, истакнувајќи дека тоа е јасен показател за солидарноста на Алијансата, додаде: „Горд сум што нашите сојузници во НАТО даваат поддршка едни на други.“
Министрите за надворешни работи на Италија и Шпанија и други официјални претставници, преку социјалните медиуми, упатија благодарност до Турција за помошта во медицински материјали. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг, исто така изрази благодарност до Турција што со карго авионот за евакуирање на своите граѓани во Кина испрати 1000 парчиња заштитна облека, 93.500 маски со филтер и 1000 парчиња заштитна опрема за една употреба.
Британскиот секретар за надворешни работи, Доминик Раб, во телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, заблагодарувајќи се на помошта од Турција нагласи: „Тоа е силна индикација за пријателството меѓу двете земји.“
news_share_descriptionsubscription_contact
