Ekipa
10 Октомври 2023•Ажурирај: 11 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски воздушни напади во Појасот Газа се искачи на 788, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се вели дека над 4.100 други се повредени во израелските воздушни напади.
Во претходното соопштение на Министерството се наведува дека бројот на загинати Палестинци изнесува 765, меѓу кои најмалку 143 се деца и 105 жени.
Израел трет ден ги продолжува воздушните напади врз Појасот Газа, по повеќефронтниот напад на Хамас врз израелските градови во близина на приморската територија.
Палестинската група за отпорот Хамас вели дека нападот бил одговор на израелските напади во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.
Израел возврати со серија воздушни напади врз Појасот Газа и воведе целосна блокада на Газа, дом на речиси 2,3 милиони луѓе.
Во нападите загинаа повеќе од 1.800 луѓе, меѓу кои повеќе од 1.000 Израелци.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја искористи сета сила на Израел за да ги уништи способностите на Хамас и „да се одмазди за овој црн ден“.