Франција ја поддржува ревизијата на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел
- „Неподносливо е слепото насилство и блокадата на хуманитарната помош од страна на израелската Влада кои Газа ја претворија во место на умирање, да не речам во гробишта“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро

ИСТАНБУЛ (АА) - Франција го поддржува преиспитувањето на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, изјави денес францускиот министер за надворешни работи за радио Франс Интер, јавува Анадолу.
„Ја повикувам Европската комисија да ја спроведе оваа ревизија, да го обработи ова барање и да утврди дали Израел го почитува овој член и своите обврски во врска со човековите права“, рече Жан-Ноел Баро, осврнувајќи се на предлогот на Холандија за преглед на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел.
Баро истакна дека предлогот особено има цел да го ревидира член 2 од договорот, во кој се наведува дека двете страни мора да ги почитуваат човековите права.
„Неподносливо е слепото насилство и блокадата на хуманитарната помош од страна на израелската Влада кои Газа ја претворија во место на умирање, да не речам во гробишта“, одговори тој на прашањето за неодамнешните израелски напади врз Газа.
Баро повика на прекин на „длабокото кршење на човековото достоинство“ и „апсолутното кршење на сите правила на меѓународното право“.
„Оние што сеат насилство, жнеат насилство“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.